Грижата за животната средина, намалувањето на загадувањето на воздухот и редукцијата на емисиите на стакленички гасови се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат современите градови. Во таа насока, Ротари Клуб Битола презема конкретни чекори за подобрување на квалитетот на живот во нашиот град преку долгорочната програма „За ЗЕЛЕНА БИТОЛА“. Оваа иницијатива е насочена кон создавање на почиста, поздрава и поодржлива Битола, со активно вклучување на заедницата и поддршка на современи еколошки решенија.
Во рамки на оваа програма, Ротари Клуб Битола веќе иницираше два значајни проекти:
Иницијатива за урбанистичко и сообраќајно решение – Пешачка зона во центарот на Битола
Преку оваа иницијатива, Ротари Клуб Битола ги покани најдобрите експерти од областа на урбанизмот, вклучувајќи го и проф. Јанез Кожељ од Љубљана, кој со своите искуства и идеи инспирира и сподели искуства од Љубљана каде предност имаат пешаците. Целта е да се поттикне дискусија и соработка со локалните власти за можноста за претворање на централното градско подрачје во пешачка зона, со што плоштадот „Гоце Делчев“ ќе им се врати на граѓаните, ќе се намали загадувањето, а ќе се поттикне здравиот начин на живот.
Донација на проект „Bitola City Bus“ во вредност од 1.500.000 денари
Вредно за спомнување е дека и Сојузот на Ротари клубови и нашиот сестрински Ротари Клуб Рума ја го препознаа проектот Bitola City Bus и го поддржаа со сопствени сретства. Со цел подобрување на јавниот превоз во Битола, Ротари Клуб Битола донира проект кој вклучува:
-Набавка и инсталација на 14 GPS уреди во автобусите на градскиот превоз,
-Развој на мобилна апликација „Bitola City Bus“ (Android и iOS) за следење на автобусите во реално време,
-Веб-страница bitolacitybus.mk,
-Поставување на информативна сигналитика на автобуските постојки,
-Покривање на трошоците за одржување на системот во првата година.
Целите на овој проект се:
-Подобрување на јавниот превоз и неговата достапност;
-Намалување на бројот на автомобили во сообраќајот и намалување на загадувањето;
-Поттикнување на граѓаните да користат јавен превоз;
-Остварување заштеди во семејниот буџет.
Ротари клуб Битола со завршувањето на овој проект веќе работи посветено на следни активности во рамки на „За ЗЕЛЕНА БИТОЛА“.
Пеце Ѓаковски, претседател на Ротари Клуб Битола:
-Како клуб кој секогаш размислува глобално, но делува локално, посветено работиме на тоа Битола да стане позелен и поеколошки град. Веруваме дека со иновативни и одржливи проекти, како што се урбанистичките решенија и подобрувањето на јавниот превоз, можеме да направиме позитивна промена за сите граѓани. Ги повикуваме сите институции, организации и граѓани да ни се придружат во создавањето на поубава и почиста Битола.
Локална самоуправа ја поздравува и поддржува иницијативата „За ЗЕЛЕНА БИТОЛА“, која оди во насока на подобрување на квалитетот на живот во нашиот град.
Ротари Клуб Битола покажа дека со заеднички напори можеме да направиме значајни промени.






