Про Локал во соработка со Општина Битола успешно го организираше Локалниот форум „Активно вклучување на засегнатите страни во решавање на локалните прашања“, во рамките на проектот „ Битола 2.0 – Дигитална општина поблиска до своите граѓани“.
Форумот го отворија Емилиа Ѓероска, претседателка на Про Локал, и Борче Димитровски, секретар на Општина Битола.
Двајцата ја истакнаа важноста од градење партнерства меѓу граѓаните и локалната власт за поефикасно адресирање на предизвиците поврзани со дигитализацијата на услугите.
Проф. д-р Ана Секуловска истакна дека резултатите од анкетата за мерење на задоволството на граѓаните од дигиталните услуги во Општина Битола, се генерално позитивни но испитаниците сметаат дека се уште имаме ниска дигитална писменост во градот.
Офицерскиот Дом беше преполн со граѓани од различни возрасти и професии кои се вклучија во креирањето на локални политики со практични идеи за дигитализација на општинските услуги.
Главни предизвици за битолчани се:
-потребата од поголема информираност и дигитална писменост кај граѓаните
-недостатоците во комуникацијата меѓу локалната администрација и граѓаните преку дигитални канали.
Форумот идентификува повеќе од 20 конкретни предлози за развој на дигитални алатки кои треба да ја забрзаат дигитализацијата на јавните услуги на Општина Битола, особено во областите култура, сообраќај, животна средина и образование.
Овој форум е дел од проектот „Битола 2.0 – Дигитална општина поблиска до граѓаните“, финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Австриската Развојна Агенција, како дел од „Проектот за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавна администрација од страна на граѓанско општество – WeBER 3.0“.
Давател на грантот е Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје.






