Годинешното 8. по ред издание на “Џез фактори фестивалот“, ќе се одржи од 17. до 19. април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство во Народниот театар и Центарот за култура Битола.
Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2024 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива Теодор Јаневски – дипломиран џез-тапанар на Џез Одделот на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.
Наградата традиционално се доделува во соработка со Општина Битола и ќе биде врачена на 19 април година, во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.
-Ја користиме оваа прилика да му ја честитаме наградата на младиот Теодор и да му посакаме многу успеси во професионалната кариера“, истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Годишно фестивалот реализира 9 концерти и 5 пратечки настани на сцената на Народен Театар Битола, Центарот за култура, како и локалните клубови и културни сцени со посетеност од над 2000 посетители.






