Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот Коњановски на средба со Советот за превенција од детско претстапништво

Претседавачот на Општинскиот совет за превенција од детско престапништво м-р Жанета Ристевска, заедно со членовите на ова тело, денес имаа средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на која се разговараше за изготвената Програма на овој Совет и планираните активности за 2025 година.

На средбата, беше потенцирана важноста од континуираното делување во насока на проценка на состојбата со малолетничко престапништво на територијата на општината, подигнување на свеста во заедницата за проблемот со детско престапништво и воспоставување на координирана соработка со институциите кои го третираат проблемот со малолетничко престапништво на национално, регионално и општинско ниво.Посебен акцент на средбата беше ставен и на прекрасниот настан со кој блеснаа боите на уметноста, а кој се одржа синоќа во Офицерскиот дом во организација на Општинскиот Совет за превенција од детско престапништво Битола и центарот за поддршка на деца и лица со попреченост “Сложувалка срце“, со поддршка на КИЦ Битола и Општина Битола.

Целта на оваа изложба беше преку уметноста како една величенствена гранка на културата децата да се стимулираат своето слободно време да го искористуваат градејќи и правејќи креативни и трајни дела и на тој начин да се воздигнуваат нивните способности кои во себе ги кријат и да се развива и поддржува нивниот талент. Така, на неосетлив, но доста траен начин се извршува и превенцијата од тоа децата како најранлива категорија во едно општество да западнат во некаква замка и да бидат жртва на детското престапништво како  општествена појава.

Градоначалникот Коњановски, им честита за професионалната и ангажираноста на членовите на Советот за превенција од детско престапништво, посакувајќи им многу успех и нагласувајќи дека општината продолжува со поддршка на овие активности кои се од значаен придонес за младите.

More from ВестиMore posts in Вести »