-Бизнис академијата Смилевски е единствената високообразовна установа во Македонија која нуди акредитирани професионални студии по менаџмент. БАС подготвува професионални надзорници / супервизори, раководители, оперативни и стратегиски менаџери-созадава професионалци подготвени за менаџерска работа од првиот работен ден.
Во големата сала на народниот театар во Битола, по 15. пат беа доделени дипломите на завршените студенти на прв циклус на студии на програмата по Бизнис менаџмент и на втор циклус по Стратегиски менаџмент.
Настанот на доделување на дипломите на Бизнис Академија Смилевски, беше повеќе од само церемонија – тоа беше време на прослава и почеток на нови можности и иднина за дипломираните студенти.
Директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска им се обрати на дипломците и присутните и рече:
-Со гордост стојам пред вас како директор на БАС и со восхит ви се обраќам, знаејќи дека пред на стојат млади луѓе кои се подготвени да го освојат светот. Секоја диплома која ќе ја држите в рака не е само парче хартија – таа е сведоштво за сите непроспиени ноќи, за екој предизвик што сте го надминале, за секој испит кој сте го положиле со знаење и решителност. Ова е доказ дека сте направиле добар избор, да вложувате во себе. Бидете храбри, бидете инспрација, бидете носители на промените кои доаѓаат. Напред кон иднината со верба во себе и страст!
-Над 15 години акумулирано богато искуство на нашите наставници и над 30 години акумулирана организациска меморија на креирање употребливо знаење се влог во денешните дипломци, беа зборовите на човекот чија визија и неуморна работа стојат во основата на институцијата проф. д-р Цветко Смилевски, кој денес од сите од БАС доби посебен подарок, за неговиот денешен роденден.
На присутните им се обрати и менаџерот за развој проф. д-р Тони Соклевски кој нагласи дека денес не само штом испраѓаме успешни дипломанти туку и најавуваме нови активности со кои ќе придонесеме за подобра иднина.
Проф. д-р Маја Кузмановска сподели еден навистина значаен чин на поддршка, чин што покажува дека знаењето, љубовта и човечноста секогаш имаат место во Академијата.
БАС додели стипендија на ќерката на трагично починатиот во пожарот во Кочани, Филип Стевановски.
Наставничкиот совет на БАС, поддржувајќи и ценејќи ги посветеноста, одговорноста кон сработеното и опкружувањето, но и смиреноста, трпеливоста, споделена добрина, љубовта, пријателството, како и колегијалноста како основни критериуми на препознатливост за најдобрите, донесе одлука студентите Филип Грујовски, Јулијана Ѓорѓиевска и Катерина Петровска, да добијат посебно признание.
Како благодарност за таа уникатна вредност БАС им додели признанија и благодарници на најдобрите ментори и партнерски организации.
Сашо Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски






