На 07.04.2025 во 03.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода 30 годишна битолчанка поради сомнение дека извршила кражба во казино на ул.„Широк Сокак” во Битола, при што одзела паричник со пари во различни апоени.
Украденото е вратено на сопствениците, а по документирање на настаните против лицата ќе следуваат соодветни пријави.






