Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со нов чекор кон титулата по победата над Алкалоид во Битола, сега има 3 од 3 (фотогалерија)

Пелистер – Алкалоид 30:28 (18:15)

Шампионот Еурофарм Пелистер вечерва во Битола направи уште еден сигурен чекор кон одбрана на титулата, откако во преполната сала „Боро Чурлевски“ го совлада еден од директните конкуренти, Алкалоид.Еурофарм Пелистер влезе со +4 во фимишот, а натпреварот го реши преку Алем Хаџиќ, кој го постигна клучниот гол на десетина секунди до крајот,а голем придонес во победата повторно имаше капитенот Кузмановски со 8 постигнати гола во клучни моменти.

Натпреварот се отвори со добра предност за домаќинот, кој имаше предност од 6:2 и 7:3. Се тргна како да следува реприза на последниот натпревар, но, гостите не мислеа така, ги намалуваа резулатот, а доаѓаа и до -1.Алкалоид значајно намали на 10:8 по исклучувањата на Абутовиќ и Хосни. Потоа беше и 11:10, но Пелистер се врати на старата разлика  по исклучувања на Стојковиќ и Карасманакис, а на одмор се отиде со  18:15.Кире Лазаров имаше проблем бидејќи главните дефанзивци Никола Маркоски, Валентин Карасманакис и Стефан Стојковиќ имаа по две исклучувања, а беа близу до црвен картон.Стартот на второто полувреме Алкалоид го одбележа намалувањето на резултатот 20:18, и обраните на пенали на голманот Галевски, и прилика за реми. Во 45. минута беше 23:22, но Серафимов промаши пенал.  Митревски доби удар во глава, а Ивич на голт имаше три одбрани.

Во 50. минута домашните имаа прво +3, а потоа и +4 (29:25), со голот на капитенот Кузмановски, и уште останати пет минути за играње.Алкалоид со два гола намали на 29:28, но младиот Хаџиќ имаше храброст во последните неколку секунди да го реши натпреварот со гол за 30:28, откако гостите не внимаваа на него.Најдобар стрелец кај домашниот тим беше Филип Кузмановски со осум гола, а седум додаде Богдан Радивојевиќ, а мота да се споменат петте одрбани на голманот Филип Ивиќ во клучните моменти.

Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »