Press "Enter" to skip to content

Шестти по ред протест за дислокација на регионалната депонија, ќе се гради пирамидална информативна структура за информации (фото)

Како и беше најавено денес во 18 часот наместо пред Општина Битола, на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа шестиот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналната депонија, односно да не биде во рудникот “Суводол“, во Општина Новаци.Ова е прв протест на “Магнолија“ откако демонстрантите решија собирите да ги одржуваат во центарот на градот, “за да не се блокираме сами“, наместо пред зградата на Општина Битола, со цел да не го попречуваат сообраќајот на Булеварот, покрај Драгор.На протестот беше речено дека за овој проблем е донесување одлука во Советот за отповикување на одлуката за изградба на регионална депонија или второто решение референдум.За подобро информирање на граѓаните, на протестот беше речено дека ќе се прави пирамидална информативна структура за информациите против депонијата, и со неа за брзо време ќе бидат информирани илјадници граѓани, а доколку има рефендум на гласачките кутии ќе имаат околу 400 посмартачи, на секоја кутија по двајца кои ќе бидат вмрежени.Даден беше и предлог за новиот пат кој треба да се гради низ Пелагонија за потребите на новиот центар за управување со отпад, да се дислоцира, да биде и регионална ама не во нашиот двор, туку на Криволак.Протестите битолчани ги започнаа на 15 март 2025 година, кога и го одржаа првиот протест, по најавите дека  новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот Регион. Инаку, на вонредна седница Советот на Општина Битола усвои заклучок со кој се бара измена на локацијата за регионална депонија.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »