На 24.04.2025 во 20.20 часот во спортската сала “Боро Чурлевски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 26 годишник од Битола затоа што како гледач недостојно и агресивно се однесувал за време на ракометен натпревар о државното првенство. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 24.04.2025 во 12.36 часот во СВР Битола, итна медицинска помош Битола е пријавено дека во Клиника болница Битола со повреди бил пренесен 58 годишник од с.Крклино. Според пријавеното, тој се здобил со повредите, при извршување работни активности во земјоделско индустриски комбинат во Битола. За настанот бил известен и трудов инспектор, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола.






