Продажбата на влезниците за вечното ракометно дерби во Битола во време кое се проеше во малку минути и тоа што ракометот и “дали имаш карти за ракомето“ беше прашањето кое си го поставуваа најмногу битолчани меѓу себе, навестуваше дека ова ќе биде посебен натпревар на кој ќе се “мани печат“ на титулата, трета по ред.
Но, за жал на крај се случи обратното, наместо ние да се радуваме и со песна да прославиме титулата, сега Вардар се радува и со победа во Скопје, ќе се радува на враќање на титулата кај нив, но не е се готово.
Битолчани со полна сала, со многу зелено-бела боја на трибините, со многу песни, со неколку илјади селфи фотографии, беше најавен натпреварот.
Но, водството кое го имаше Вардар во текот на натпреварот, со последниот гол во мрежата на Митревски во последната секунда, наместо радост кај битолчани, прво неверување, потоа тага, а на крај многумина порачаа, нема предавање, одиме во Скопје по победа и титула.
Фото: Сашо Ристевски, Дамијана Ристевска










