Денеска (09.05.2025) на ул. “Св. Кирил и Методиј” во Битола полициски службеници го лишија од слобода 36 годишник од Битола, затоа што претходно, пред угостителски објект на ул. “Широк сокак” со остар предмет се заканувал кон 41-годишен државјанин на Австралија.
По документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесена кривична пријава за загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница






