Денес на Технички факултет во Битола беше одбележан Денот на културата во сообраќајот, а насѕанот беше во организација на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола заедно со Министерството за внатрешни работи – СВР Битола и Републикиот совет за безбедност во сообраќајот, а беше одржана и панел дискусија посветена на безбедноста на децата во сообраќајот, насловена “Децата и младите страдаат во сообраќајот“.
Модератор на настанот беше проректорката на УКЛО – проф. д-р Јасмина Бунеска-Талеска која во уводниот збор за културата во сообаќајот рече:
-Постојано правиме со студентите истражувања за различните трудови на студентите и можам да кажам дека е ниска културата во сообраќајот и токму заради тоа се сите овие активности. Вакви актиисности можат и почесто да се прават, но постојат институции кои за задолжени за тоа, а кои и денес и имаме тука. Тоа се Опптинскиот и републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Советот за детско претстапништво на Општина Битола, СВР Битола. Кога сите ќе работиме заедно, секако носител да биде Академијата ќе имаме подобри резултати и поголема култура во сообраќајот.
Проф. д-р Јасмина Бунеска-Талеска нагласи дека денот на култура во сообраќајот е 11 мај, а за прв пат се одбележал во Унгарија и дека секој мора етички и морално да се однесува во сообраќајот, а тој ќе биде побезбеден.
Претседателот на РСБСП Горан Ангеловски на деншното обраќање нагласи дека дека со Технички факултет и нивната Сообраќајна насока ќе потпишат меморандум за соработка.
-РСБСП се залага за градење на систем на вредности во функција на добробит и заштита на интересите на сите учесници во сообраќајот преку зголемување на сообраќајната култура, етиката и толерантното однесување во сообраќајот. Токму затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел: „Бидете внимателни и одговорни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е основен предуслов за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во нив. Заеднички да придонесеме за подигнување на сообраќајната култура и за унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, рече Горан Ангеловски.
Овогодишната дискусија ја збогатија и проф. д-р Зоран Јошевски од Техничкиот факултет, Сузана Елековска – претседател на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Жанета Ристевска – претседател на Советот за детско престапништво, Џелал Фазлиоски – помошник командир на ПС за БПС Битола, Мирјана Недановска – началник за превенција на СВР Битола.
-Денешната средба ја отвори дискусијата за унапредување на безбедноста на децата, затоа што сообраќајот е неразделлив дел од општествата, организирана активност која може да има и негативни аспекти. Сообраќајните прописи мора не само да се почитуваат туку и соодветно да се напишат како законска регулатива, рече проф. Зоран Јошевски.
Претседателот на Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво м-р Жанета Ристевска преку презентација објасни дека потребно е да се развие културата во сообраќајпт преку едукација од најмала возраст, најпрво во семејството, во предучилишна и училишна едукации преку обуки според психичкиот е емоционалниот развој на децата и адолесцентите.
Во рамките на одбележувањето се одржа и показна вежба “Повреди кај децата во случај на сообраќајна несреќа“, која ја реализираа екипа на Црвен крст од Битола, студенткста единица од технички факултет УКЛО Битола, училишната сообраќајна единица на ОУ “Св. Кирил и Методиј“ од Битола по раководство на Мелина Христова.






