Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: две приведување за марихуана, два физички напади

На 15.05.2025 во 09.05 часот на ул. „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 21 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 15.05.2025 во 18.00 часот во СВР Битола, К.С.(62) од Битола пријавил дека  на ул „Смилевски конгрес” во Битола бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 15.05.2025 во 20.00 чaсот во СВР Битола, М.К. (58) од Битола пријавил дека на ул.„Стрчин” во Битола бил физички нападнат од соседот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 15.05.2025 во 18.00 часот на локален пат од с.Слепче кон манастир Св.Јован Претеча, демирхисарско,  полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода две лица на возраст од 35 и 39 години, двајцата од Република Бугарија. При преглед на патничко возило „форд транзит“ со бугарски национални ознаки, во кое биле двајцата, едното лице на земја фрлил пакување во кое имало марихуана и бела грутчеста материја. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.