На 20.05.2025 во 00.25 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул. „Леринска” во Битола се опожарени патничко возило „тојота рав 4“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, патничко возило „фолксваген пасат “ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и патничко возило „дачиа логан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 19.05.2025 во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода три лиа на возраст пд 33, 38 и 26 години, сите од Битола. При претрес во домот на едното лице од село Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и и двете други лица, пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.






