4. по ред “Креативен ден 2025“ како и претходните е ќе ја искаже повторно поддршката за модните таленти и модниот образовен сектор во Македонија. Организиран е од “Продукција Божиловиќ“, настанот ги обединува сите средни модно- текстилни училишта од државата, со нивните професори и ученици.
Весна Божиловиќ за овој голем настан ни изјави:
-Подготвени сме за големото шоу кој ќе се случува утре 28 мај со почеток во 20 часот во НУ Театар Битола. Билетите се во продажба и вљубениците во мода може да ги набават во Тобако. Подготовките се во полн ек. На овој уникатен настан учествуваат седум средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, девет градови и 15 независни дизјнери, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти.
Учесниците ги најавуваме во повеќе објави. Пред почетокот на големиот настан го претставуваме и тимот 2 од СОУ „Димитар Мирасчиев“ од Штип кој по трет пат гордо се вклучува со свој креативен тим на престижниот настан посветен на модата и текстилот, „Креативен ден“.
Училиштето ќе се претстави со своја креација која ќе ја претстави моделот Марија Патраклиска. Ученичката Милена Јаковска ќе учествува како претставник на училиштето, а дизајнот го потпишува модната креаторка Наташа Тасева.
Настанот има за цел да ја нагласи важноста на креативноста кај младите, да ги промовира модниот дизајн и текстилната уметност, и да ги сруши предрасудите за оваа стручна област во образованието.
Ученичката активно учествува во развојот на концептот на креацијата – од изборот на материјали до изработката на деталите.
Директоерката вели:
-Горда сум што и оваа година нашето училиште е дел од “Креативен ден“ – платформа која им овозможува на младите таленти да блеснат со својата оригиналност, труд и визија. Учеството на вакви настани не само што ја поттикнува нивната креативност, туку ги охрабрува да веруваат во сопствениот глас и стил. Ќе продолжиме да вложуваме во развојот на учениците, затоа што тие се нашата иднина.






