Press "Enter" to skip to content

Александар Мурговски од Битола нов претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ

Александар Мурговски од Битола  е на чело на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, а доаѓа на местото на досегашниот претседател Иван Куковски.

-Му посакуваме  успешна и посветена работа и ефикасно менаџирање со Надзорниот одбор во претстојниот период. Веруваме дека неговото богато искуство и длабинско познавање на енергетскиот сектор ќе придонесат за натамошен раст, стабилност и развој на компанијата, како и за успешно справување со идните предизвици во енергетскиот сектор, е напишано во соопштението на АС ЕСМ.

Александар Мурговски е роден во Битола, а како стипендост за дефицитарен кадар, студирал на студирав специјалност, енергетска електроника, а во 2004 година дипломирал на Техничкиот Универзитет Габрово во Р.Бугарија, на факултетот за Електротехника и електроника каде е прогласен за најдобар студент. Магистрирал на електротехнички науки во 2006 година со просек 10 на 24 годишна возраст.

Во 2006 година се вработува  како одговорен инжинер во трафостаницата ТС 400/110 KV, ТС Битола 2, Оператор на електро-преносниот систем при АД МЕПСО, а во 2007 е раководител на трафостаницата, а во 2008 станав раководител на регионалниот центар Битола, при АД МЕПСО. Од 2017 до 2024 е работоводител во регионален центар Битола.

Мургосвки има објавено 9 научно-стручни труда во странство во областа енергетска електроника, хидроцентрали и соларни електрани, оптоелектроника и активно учествува во повеќе сегменти на подготовка на документи од национален аспект за законската регулатива.

Досегашниот претседател на Надзорниот одбор на АД ЕСМ, Иван Куковски, се повлече од функцијата поради идни професионални ангажмани.