Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: тројца малолетници повредени на судар на два моторцикли, лекарка пријави физички напад, физички напад, приведување…

На 12.06.2025 во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди  се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

На 12.06.2025 во 19.50 часот во СВР Битола, Ј.В. (46) од Битола – лекар во Клиничка болница Битола пријавила дека на детското одделение во болницата била физички нападната од родител на пациент. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.06.2025 во 01.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Илинденска” во Битола, 36 годишник од Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на стаклени предмети. По документирање на настанот протоив него ќе следува соодветна пријава.

На 12.06.2025 во 21.00 часот во СВР Битола, А.С. (45) од Битола пријавил дека во атар на с.Крстоар, битолско, неговата сестра на возраст од 39 од Битола била физички нападната од 39 годишник од с.Крстоар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.