На 18.06.2025 во 22.40 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Илинденска” во Битола, при стартување настанал пожар во патничко возило „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, сопственост на 64 годишно лице од Битола. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 18.06.2025 во 19.30 часот во СВР Битола, Ф.П. (19) од Битола пријавил дека истиот ден кај место викано „Црн мост” во Битола, тој и негов другар биле физички нападнати од лице и неговиот малолетен брат, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 18.06.2025 во 09.30 часот во СВР Битола, И. Ј. (39) од Битола пријавила дека во с.Горно Оризари, битолско, нејзиното малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 18.06.2025 во 09.30 часот во Полициското одделение Велушина, М.П.(44) од Битола пријавила дека во викен дуќа помеѓу с. Олевени и с.Барешани, битолско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






