Со одигрувањето на полуфиналните и финалните натпревари, успешно „е спуштена завесата“ на третиот Универзитетски турнир во тенис УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025 кој се одигра во Битола.
На тениските терени во близина на Градскиот стадион во Битола на 16 и 17 јуни се одиграа одлични натпревари, во кои главни протагонисти беа студенти и наставно – административен кадар на УКЛО. Посебно неизвесни беа натпреварите кои одлучуваа за генерален пласман.
Како трета по ред, оваа спортска манифестација ги има сите предиспозиции да стане настан по кој УКЛО ќе биде препознаен во национални, но и меѓународни спортски универзитетски асоцијации.
Особено радува фактот што и во двете категории, женската популација, полека но сигурно го зазема своето место на победничкиот пиедестал.
По завршувањето на натпреварите, генералниот пласман, од прво до трето место е следен:
Категорија студенти: Пејчиновски Игор, Економски факултет – Прилеп, Георгиевски Божидар, Правен факултет – Кичево и Ристова Душица, Педагошки факултет – Битола.
Категорија наставно – административен кадар: Караџоски Младен, професор на Правен факултет – Кичево, Илијевски Ице, професор на Правен факултет – Кичево и Стојковски Викторија, професор на Факултетот за биотехнички науки – Битола.
На најуспешните учесници, по завршувањето на натпреварите, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, кој и оваа година активно учествуваше на турнирот, им додели пехари и дипломи за освоените места. Тој посочи дека:
-Суштината на УКЛО ОПЕН турнирот е пред се дружење, рекреација, но секако има и натпреварувачки елементи. Веќе трета година ние популаризираме и индивидуални спортови, имавме стрелаштво, куглање, едриличарство, веслање, така да, покрај тимските спортови, со кои учествуваме и на државните лиги како Универзитет, ги имаме и овие индивидуални спортови. Најбитно е дружењето меѓу нас, меѓу вработените, професорите, административниот кадар на УКЛО и студентите, со што му даваме еден поинаков сјај на спортот, каде што секој се натпреварува за себе.
Одржувањето на УКЛО КОЛОРС тенискиот турнир значи поддршка на спортот како трајна патека на градење на способности и вештини кај студентите и кадрите.
Идејата е турнирот да добие меѓународен предзнак, со учество на студенти, академски кадри и вработени од другите универзитети членки на Алијансата, посочува и академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска.
По успешно одржаниот УКЛО ОПЕН КОЛОРС 2025 од УКЛО со порака – Ни останува само да си посакаме наредната година да ни донесе уште поголеми тениски возбудувања на терените во Битола, но пред се дружење и промоција на здрав начин на живот помеѓу студентите и вработените на УКЛО.

УКЛО БИТОЛА ОПЕН КОЛОРС 2025 – турнир на спортски дух, здрав живот и заедништво
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина
- ПОДЕМ одбележа 18 години постоење – посветеност на развојот, одговорноста и европската перспектива (фотогалерија)
- СВР Битола: полово вознемирување, закани и повреда, нарушување на ред и мир, украдени 400 литри дизел, приведени 4 лица за возење мопед без возачка
- Деновиве пред 10 години: протести пред Апелација Битола против СЈО и куќниот притвор на Талески (фото)
- Бимилк станува партнер на НУ Народен театар – Битола за поддршка на културата и уметноста





