Општина Новаци донира опрема и кабинет за практична настава кој е опремен со современа опрема која содржи терапевтски маси, рачни динамометри и други уреди кои ќе им обезбедат на учениците практично искуство на професионално ниво.
Градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски на доделувањето на донацијата рече:
-Силно верувам дека една од највисоките форми на одговорност што ги носи јавната функција е грижата за идните генерации – особено преку вложувања во образованието. Затоа, со особена чест и чувство на општествена одговорност, дониравме финансиски средства за опремување на кабинетот за практична настава за образовниот профил физиотерапевтски техничар во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Кабинетот е опремен со современа масажна и терапевтска опрема – неопходна за стекнување на практични знаења, вештини и компетенции. Нашата цел е јасна: да создадеме подобри услови за едукација и професионално усовршување на младите кадри кои ќе се грижат за здравјето на нашите граѓани. Поддршката за овие ученици значи поддршка за едно похумано, поздраво и поодговорно општество.
Новата опрема ќе им овозможи на учениците да се стекнат со современи практични вештини, подготвувајќи ги за професијата и придонесувајќи кон развојот на здравствената заштита во нашата заедница. Градоначалникот Стевановски потенцираше дека Општина Новаци и Советот и понатаму ќе биде поддршка и максимално ќе биде посветена кон образованието и здравјето на младите.






