На 30.06.2025 во 00.25 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Османо“ во Битола лишиле од слобода три лица на возраст од 37, 40 и 49 години, сите од Битола бидејќи при преглед кај едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
На 29.06.2025 во 20.10 часот полициски службеници од СВР Битола пријавиле дека при давање асистенција на Итната медицинска помош Битола во 17.35 часот во Клиничка болница Битола биле физички нападнати од 27 годишник од Битола. Тој бил лишен од слобода и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2025 во 16.00 часот, од страна на затворски полицаец во КПУ Затвор Битола, било пријавено дека во полуотвореното одделение била пронајдена паковка со растителна материја. Истиот ден, при извршен претрес од страна на полициски службеници од затворска полиција во келија каде отслужува казна 38 годишник од Битола била пронајдена паковка со семки од марихуана. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.06.2025 во 01.00 часот во СВР Битола, С.Б. (44) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син на градското шеталиште во Битола бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






