На 07.07.2025 во 01.00 часот во обложувалница во „Нов Пазар“ на ул. „Генерал В. Карангелевски” во Битола, 22 годишник од Битола нападнал полициски службеник. Од страна на полициски службеници од СВР Битола лицето било приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2025 во 22.10 часот, на ул. „Генерал В. Карангелевски” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишник од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2025 во 21.20 часот во СВР Битола А.Х.(43), Е. М.(57), С.Б.(44) и Е.Т.(61), сите од Битола, вработени во Клиничка болница Битола пријавиле дека додека биле на работните места како медицински персонал во болницата од лице кое било дојден на посета кај лице во болницата, биле физички нападнати. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.07.2025 во 16.20 часот, на ул. „Прилепска” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетници на возраст од 14 и 15 години, бидејќи при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 06.07.2025 во 17.39 часот на ул.„Македонски гемиџии“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 32 годишник од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „голф” со битолски регистарски ознаки, и по преземени мерки констатирано било дека управува возач бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,51 промили алкохол во крвта. возачот бил исклучен од сообраќај, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичен законик.
На 06.07.2025 во 11.41 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија-Старавина, во близина на Елешка река, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 40 годишник од Битола и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 73 годишник од с.Гермијан, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил и неговиот 14-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобила кои се констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.07.2025 во 19.15 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Битола и велосипед, управуван од 49 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 06.07.2025 во 21.25 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Могила-Радобор, на мост пред с.Радобор, општина Могила, патничко возило „сузуки свифт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишник од с.Радобор, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот на возраст од 68 години од с.Радобор, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.






