Press "Enter" to skip to content

Симона Стојановска се врати во Битола, во матичниот клуб Пелистер Волеј

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола денес официјализира уште едно засилување за наредната сезона во Првата лига. Се работи за Симона Стојановска која ќе биде засилување на позицијата среден блокер.

-Она што е сон на секој клуб кога гради победнички тим е во своите редови да донеси некои од најдобрите свои домашни играчи. Станува збор за една од најискусните одбојкарки со богата играчка кариера и долгогодишна репрезентативка на Македонија со огромни успеси зад своето име, соопштија од Пелистер Волеј и додаваат:

-Симона која одбра да се врати во својот матичен клуб и несомнено ќе биди една од лидерите на екипата со новото лице, на битолски Пелистер, е нешто што ветувавме дека ќе го направиме уште на самиот почеток.

Симона доаѓа од редовите на шампионот Јанта Волеј КВ, таа во своето “си-ви“ има шампионски титули, финални натпревари во Куп. Таа е прва сениорска репрезентативка од Битола со учество на Медитерански игри во Алжир 2022 година и во Сребрена лига 2023 и 2025 година.