На 09.07.2025 во 23.45 часот, на ул. „Столарска” во Битола полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 23 годишник од с. Смилево, демирхисарско, со престој во Битола, бидејќи при преглед кај него е пронајдена паковка со грутчеста материја. Лицето е приведен во Полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.07.2025 во 05.50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Димитар Влахов“ во Битола, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19 годишник од Битола удрил во пешакот на возраст од 76 години од Битола. Со тешки телесни повреди се здобиле пешакот . и мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник на возраст од 19 години од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 09.07.2025 во 15.30 часот, во СВР Битола А.П. (32) од Битола пријавил дека на 04.07.2025 неговиот татко на возраст од 65 излегол од домот во Битола и до моментот на пријавување не бил вратен дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 09.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крсте Нале” во Битола настанал пожар во објект, при што целосно се опожарени и оштетени патничко возило „ голф” со битолски регистарски ознаки, сопственост на 37 годишник од Битола и една импровизирана гаража, сопственост на друго лице, во која имало приколка, количка за градежништво, разни машини и рачен алат, а делумно се опожарени и други предмети. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.






