Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: фрлена експлозивна направа во двор оштетени седум возила, пронајдена марихуана во келија во затвор, приведено лице за дрога и агресивно однесување, пожар во барака опожарени три возила

На 12.07.2025 во СВР Битола било пријавено дека во околу 02.05 часот, од страна на непознат сторител била фрлена  експлозивна направа на ул. “Охридска“ во Битола при што од самата експлозија направени биле оштетувања на патничко возило „волксфаген”  патничко возило “бмв“, патничко возило “тојота“, патничко возило “киа“,патничко возило “рено“, патничко возило “матиз“, патничко возило “тико“ сите со битолски регистарски ознаки  паркирани на улицата при што направени биле и неколку оштетувања на прозорци и врати од околните куќи. Увидот во присуство и по насока на јавен обвинител го извршила увидната екипа на СВР Битола, при што се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.07.2025 година, во СВР Битола било пријавено дека при извршен претрес во ќелија во приемно затворено одделение во Казнено поправната установа Затвор Битола пронајдени биле  најлонски паковки со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.07.2025 полициски службеници  од СВР Битола, во 23.00 часот од угостителски објект на ул. „Народни Херои” во Битола лишиле од слобода лице од Битола. Имено, при постапување на полициските службеници по наредба за мотопатролна дејност на подрачје на Битола во врска со кривично дело по чл. 215 од КЗ, во угостителскиот објект  забележале дека 28 годишникот извршил размена на недозволени супстаниции со други лица  и влегол во угостителскиот објект, при што, истиот кога ги забележал полициските службеници агресивно се однесувал, упатувал навреди и закани кон нив и заедно со уште две лица физички ги нападнале полициските службеници при што им нанесле повреди. Лицето било приведен во полициска станица Битола и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2025 во 20.00 часот, во СВР Битола било пријавено дека  од страна на затворски полицаец во приемно затворено одделение во Казнено поправната установа Затвор Битола, во ќеса за храна била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул. „Борис Бастерот” во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено” и „цитроен” со битолски регистарски ознаки и „рено” со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола. Во пожарот повредени лица нема,причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

 

More from ВестиMore posts in Вести »