Press "Enter" to skip to content

Теа Таировиќ ја разгоре атмосферата на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија)

Убава летна јулска вечер за битолчани кои играа и пееја со популарната пејачка Теа Таировиќ која синоќа го имаше својот настап на Ракометното игралиште во Битола. Публиката уживаше во нејзините хитови како “Хајде“, “Балканија“, “Будало“, “Аска“, “Чок Ѓузел“… Теа Таировиќ ја поздрави публиката со “Македонско девојче“ и “Битола мој роден крај“ кои ги пееше заедно со публиката. Интересен момент што поголемиот дел нејзини фанови беа млада публика и тоа тинејџери. Тие пееја, играа, се фотографираа, снимаа и се забавуваа на начин како само тинејџерите знаат и чувствуваат. Повеќе од 2 часа Теа Таировиќ ги пееше своите нови хитови кои достигнуваат милионски прегледи на You Tube.  Теа Таировиќ поп фолк пејачка, е српска кантавторка и танчерка. Учествуваше во натпреварот “Звезде Гранда“ кој учествуваше од 2013 до 2016. Станува попларна со летниот хит за 2021 “Хајде“. После тоа го објавува албумот “Балканија“ во 2022 и “Балерина“ во 2023, “Теа“ во 2024, а оваа година и новиот албум “Аска“. Моментално Теа Таировиќ е една од најбараните пејачки.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ЗабаваMore posts in Забава »