Денес ќе се одржи 55-та седница на Советот на Општината Битола, а на според предложениот дневен ред на неа ќе се најдат 32 точки по кои ќе се расправа.
Ќе се расправа и ќе се носат одлуки за ребаланс на буџетот, програми за јавните претријатија, за вработувања.
Секако најбитна точка ќе биде ребаласот и носење одлука за финансирање на проекти за развој на градот, за што уводно излагање ќе има градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Предложен е следниот дневен ред:
1.Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2025 година.
2. Исправка на фискална табела за 2025 година.
3. Програма измени и дополнување на Програма за субвенционирање на јавните претпријатија на Општина Битола за 2025 година.
4. Програма за измени и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2025 до 2027 година.
5. Програма за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачје на Општина Битола за 2025 година.
6. Програма за измени и дополнување на Програмата за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2025 година.
7. Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2025 година.
8. Програма за измена и дополнување на Програмата за животна средина за 2025 година
9. Програма за измени и дополнување на Програмата за култура во Општина Битола за 2025 година.
10. Програма за измени и дополнување на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во општина Битола за 2025 година.
11. Програма за измени и дополнување на Програмата за јавни дејности (образование) на Општина Битола за 2025 година.
12. Програма за измени и дополнување на Програма за социјална заштита во Општина Битола за 2025 година.
13. Одлука за давање на овластување на Градоначалникот на Општина Битола да потпише договор за финансиска поддршка со Одбојкарски Клуб „Пелистер” Битола.
14. Одлука за примање на донација – дигитална алатка – Дигитален културен календар на Општина Битола.
15. Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетска сметка на Општина Битола.
16. Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
17. Одлука за донација на пијанино во Офицерски дом.
18. Одлука за согласност за имплементација на прокетот Watervill од Петтиот повик на Интерег Еуро – Мед Програмата.
19. Одлука за пренесување на право на управување и тековно одржување на објектите за спорт од локално значење – Фитнес теретана на отворено во с.Кравари, подрачјето на Општина Битола на ЈП „Комуналец“Битола.
20. Одлука за давање на времено користење од 4 (четири) години, без надоместок на простории – канцеларии, сопственост на општина Битола во објект на УЗ Вељко Влаховиќ на Државен инспекторат за труд Скопје ПЕ Битола.
21. Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за ГП бр.13 КО Породин, сопственост на ДПТУ БРЕЈНЧАЈЛД ПРОИЗВОДСТВО увоз-извоз ДООЕЛ Битола.
22. Одлука за утврдување на нацрт Детален урбанистички план за Четврт Запад 8 блок 3.08.01, Општина Битола.
23. Студија за развој на летен и зимски туризам на Пелистер.
24. Годишен план за вработување на ЈОУ Дом за стари лица „Сју Рајдер“Битола за 2026 година.
25. Годишен план за вработување на ООУ “Ѓорѓи Сугарев“Битола за 2026 година.
26. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Жабени во идна урбанистичко планска документација (КП бр.805 КО Жабени).
27. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Лажец во идна урбанистичко планска документација (КП бр.1170 КО Лажец).
28. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Егри во идна урбанистичко планска документација (КП бр.1081 КО Егри).
29. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Кременица во идна урбанистичко планска документација (КП бр.1148 КО Кременица).
30. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат и вклопување на бесправните објекти изградени во КО Кукуречани во идна урбанистичко планска документација (КП бр.1510 КО Крклино).
31. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправниот објект во идна урбанистичко планска документација (КП бр.5229 КО Битола 1/2).
32. Иницијатива за имплементација на обуката за самозаштита во годишните програми за работа на образовните институции на територијата на Општина Битола.






