Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: Продолжен рокот за пријавување на пожарникари до 30 јули

Владата на Република Македонија го продолжи рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули (среда), со цел да им се даде шанса на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат.

Мерката е дел од Планот за вработување 2025 и претставува прв крупен чекор за системско решавање на долгогодишниот недостиг од кадар во противпожарните единици. Станува збор за најголем ангажман на пожарникари во последните десет години.

Заинтересираните лица, повеќе информации за јавниот повик може да добијат на следниот линк:

https://www.bitola.gov.mk/prevencija-od-pozari/

Пријавувањето на заинтересираните кандидати е во Агенцијата за вработување – Центар за вработување Битола. Доколку меѓу пријавените кандидати има корисници на ГМП (гарантирана минимална помош – социјална и друга помош), приходот од работниот ангажман како пожарникари нема да влијае на ГМП, односно помошта нема да биде прекината.

More from ВестиMore posts in Вести »