Доцна попладнево во дворот на основното училиште “Тодор Ангелевски“ во Битола се одржа 3. по ред “Чкембарски турнир“ кој го организираше навивачката група “Чкембари“ од Битола.
На манифастацијата како што секогаш е каде се “Чкембарите“ беше одржа баклијада, а во зелена боја беше “обоен“ дворот на Баирското училиште.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, официјално го отвори третиот Чкембарски турнир, кој се одржува во дворот на основното училиште „Тодор Ангелевски“. Настанот беше проследен со голем број љубители на спортот и верни навивачи, кои уште еднаш го потврдија статусот на Битола како вистински спортски град.
3. по ред “Чкембарски турнир“ го отвори градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а со него беа заменик градоначалникот Бојан Бојковски и пратеникот Пеце Милевски.
-Чест ми е како градоначалник да го отворам “Чкембарскиот турнир“. Овој турнир е повеќе од спортски натпревар – тој е симбол на заедништво, навивачка страст и спортски дух. Настанот веќе прераснува во традиција, а интересот од младите и локалната заедница сведочи за неговото значење во спортскиот и културниот живот на Битола. Напред Чкембари, напред Битола, порача Коњановски, охрабрувајќи ја понатамошната поддршка за спортот и младите во општината.
Организаторите и претходно најавија дека “Чкембарски турнир“ по пријавените екипи и поединци и посетеноста го оправдува постоењето, а пријавени имаше многу во сите спортови и категории, а финалињата во футсал и баскет се играа и после паѓањето мрак.
Како и на претходните на овој “Чкембарски турнир“ се појавија и сите нивни подгрупи кои се во Битола и се дел од навивачката група “Чкембари“.
И на овој втор “Чкембарски турнир“ се појавија и дел од основачите на навивачката група “Чкембари“, тука беа и навивачи од сите генерации на “Чкембари“, а имаше и голем број “Чкембари“ кои живеат во странство, а како рекоа ова е за нив посебен настан.
-Поканата на “Чкембарите“ за овој несекојдневен спортски забавен карактер во изминатите и оваа година ја прифатија битолчани. Ме радува тоа што како и претходните “Чкембарски турнири“ има голема посетеност, а тоа го прави овој собир посебен. Ме радува што тука на едно место сме сите битолчани од цел град, од сите маала од Битола, сите на кои многу ни значи брендот Пелистер, рече Горан Калешковски – Љутио.
На натпреварите во мал фудбал, баскет “3х3“ и влечења јаже се појавија стотина битолчани, а како нагласија организаторите “сите попладнево се победници“.
На “Чкембарскит турнир“ беа присутни стотици навивачи, поранешни и активни спортисти, бизнисмени, екипи за мал фудбал, екипи за баскет, основачите на навивачката група “Чкембари“…
Сите битолчани беа облечени во разни едиции на чкембарски маици и дресови од спортските клубови кои го имаат името Пелистер.
Тука беа и претставници на навивачката група “Лозари“ кои се побратими на “Чкембарите“.
Низ мега фотогалерија ќе ви доловиме само дел од атмосферата во дворот на “Баирското училиште“.
Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски










