Press "Enter" to skip to content

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола го одбележа 35. роденден со промоција на кандидатурата на Коњановски за градоначалник (фотогалерија)

-Во рамки на одбележувањето на 35 години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, денес во “Пацио“  се одржа и официјалната промоција на Тони Коњановски како кандидат за градоначалник на општина Битола.Пред бројни членови, симпатизери и поддржувачи вечерва во Битола, во Пациото на Завод и Музеј беше прославен 35 годишнито јубилеен роденден на Општинскиот Комитет во Битола на ВМРО-ДПМНЕ.На прославата присуствуваше партискиот генерален секретар Ѓорѓија Сајковски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Пеце Милевски, пратеничките Олга Лозановска и Силвана Ангелевски, коалиционите партнери, советници од Советот на Општина Битола…Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола – Пеце Милевски ги поздрави членовите на телата на партијата, основачите на партијата во Битола и сите присутните рече:-Годинашниот роденден на партијата, 35. роденден го посветуваме на заедништвото во битката за Битола, да продолжиме посветено во нова голама победа за Битола на престојните локални избори. Изминатиот период покажавме сериозност, големи дела со кои покажавме дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон потребите на граѓаните, односно за раст и развој на Битола. Водени сме од идејата за национално освестување, битката за идентитет, а денес сите сили и ресурси ги вложуваме во битката за подобра Битола и битолчани, за подобри услови за живот на сите. Но, исто така, благодарение на Премиерот Мицковски и Владата ги поставуваме темелите на Македонија, која седум години беше зафатена од катастрофата наречена СДС – ДУИ, која ги наруши сите области на живеење. ВМРО продолжува да вложува во идентитет, во достоинство, а тоа може да се постигне само со сплотеност, заедништво и трпение, исправени со предизвиците и поправање на пропустите, а тоа не е едноставно. Нашиот градоначалник и советниците четири години работат за подобра Битола, за напредок, за развој. Пред четири години битолчани донесоа мудра одлука, а така ќе биде и сега за подобра Битола.Генералниот секретар Ѓорѓија Сајковски во своето обраќање го честита роденденот на Опптинскиот комитет и рече:-Битолчани за продолжија идејата за самостојна и независна Република Македонија, односно Македонија да биде она што е денес. Пред четири години борбата за подобра Битола покажа дека е посилна од се притисоците, посилна од на што и денес некои сакаат да го направат. Имавте идеја за развој на Битола, а тоа победи. Благодарение на сегашниот и идниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски, Битола го стана град што е препознатлив во цела Македонија и и регионот. Потребна е силна поддршка ако сакаме повторно да направиме уште повеќе за граѓаните на овој град. Градоначалниот и неговиот тим успеаја да донесат во Битола 15 милиони евра кои ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период. Коњановски ја изрази својата благодарност за укажаната доверба и поддршка, истакнувајќи дека со тимска работа, посветеност и визија ќе продолжи да се бори за поразвиена и посовремена Битола. На роденденот 35 години од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, се одржа и официјалната промоција на Тони Коњановски како кандидат за градоначалник на општина Битола, кој ја изрази својата благодарност за укажаната доверба и поддршка, истакнувајќи дека со тимска работа, посветеност и визија ќе продолжи да се бори за поразвиена и посовремена Битола и упати  благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски, за дадената доверба и јасната поддршка.-Нека ние честит големиот роденден, а ВМРО-ДПМНЕ да ни донесе уште поголеми успеси за развој на Битола. Сакам да упатам голема благодарност за основачите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола и да им се поклонам, но и сите кои се во раководството на партијата. Без поддршка од сите во мојот мандат немаше да постигнам толку, Битола да се развива. Верувам во проекти, во резултати и во љубов кон нашиот град. Никогаш во Битола не се работело толку, но на крај граѓаните се тие кои секогаш знаат што е најдобро за градот во кој живееме. Горди сме и на нашите сограѓани од дијаспората кои се значаен дел од животот на Битола. Сакам и да споменам дека има огромна поддршка од Владата на Република Македонија, а заедно ќе изградиме капиталми проекти во вредност од милијарда денари, за што сум во име на битолчани бескрајно благодарен.Коњановски се осврна на она што е сработено и завршено во Битола во разни проекти, во инфраструктурата, во спортот, во културата, образованието, во руралните места…, но и за она што планира да се направи во идниот мандат.

Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »