Press "Enter" to skip to content

Коњаницата “Костурска чета“ од Битола доби благослов и тргна на пат кон славното Крушево за Илинден (фотогалерија)

Денес во дворот на црквата “Св. Недела“ во Битола коњаницата “Костурска чета“ го започна својот пат кон славното Крушево каде на Илинден ќе се состави со сите коњанички чети кои тргнаа од разни краеви на Македонија. Пред тргнување коњаницата назначи и свој војвода, кој ќе го предводи по нивниот несекојдневен пат до Гумење над Крушево, тоа е младиот Андреј Долински.Отците Стефан и Никола пред споменикот на Илинденците во дворот на црквата одржаа панихида за сите загинати и починати во борбата за самостојна Македонија, знајни и незнајни јунаци.Потоа следуваше чинот на земање на благослов за среќен пат на коњаниците и Господ да е со нив до крајната цел од нивниот пат кој им го дадоа орците Стефан и Никола, свешеници во овој битолски храм.За историјата и храбрите војводи, комити и четници на прославената “Костурска чета“ зборуваше Игор Петковски.Петковски во име на здружението “Костурска чета“ додели и благодарници на поединци и претријатија и на црквата “Св. Недела“ за помошта за организацијата на овој несекојдневен поход.Коњаниците пред поаѓање се поклонија и положија свежо цвеќе на гробовите во Илинденските гробишта на бојводите Александар Турунџев, Димче Сарванов – Могилчето, како и на гемиџијата Павел Шатев и почитуваниот Ристо Паргов член на организацијата и борец за македонската кауза во поново време.-Со благослов Божји и со духовна поткрепа од Илинденците и славните јунаци тргнуваме со овај наш коњички марш кој е во склоп на Биторската коњаница, патот на Црешовото Топче со кој се спојуваме во село Цер сите заедно достојно да му оддадеме почит затоа што “НИВНОТО ДЕЛО Е НАША СВЕТОСТ, порачаа коњаниците од “Костурската чета“.Коњаниците од Битола ќе стигнат до Крушево преку село Граиште (демирхисарско), манастирот “Св. Јован Крстител“ во село Слепче, село Слоешница, село Железнец, село Цер и село Пуста Река.

Сашо Ристевски