Press "Enter" to skip to content

ТППЕ Битола: спречен пожар да се зафати селото Меџитлија и фабриката “Пелистерка“

И покрај денешните високи температури и силниот ветер ТППЕ Битола со своите екипи брзо и навремено успеаа да спречат пожарот во Меџитлија да се прошири и да го зафати селото и фабриката Пелистерка. Во гаснењето беше вклучена и екипа на пожарна РЕК “Битола“ и дел од мештаните со земјоделска механизација, соопштија од Противпожарната единица од Битола.

Дојавата за пожат во ТППЕ Битола била примена во 15:30 часот, а била за запалено стрниште во село Меџитлија. ТППЕ Битола интервенирала со 5 возила и 13 пожарникари.

Поради пожарот во прекин неколку часа беше и патот Битола – грчка граница.Покрај пожарот во Меџитлија пријавен е пожар во село Долно Српци каде ТППЕ Битола навремено спречи пожарот да го зафати поголемиот дел од ридот и шумата и за краток временски период пожарот е ставен под целосна контрола на екипите на ТППЕ Битола.

Примена била и дојава во 14:10 ч. за запалено стрниште во село Велушина, каде  ТППЕ Битола интервенираше со 2 возила и 3 пожарникари.

Примена дојава во 16:30ч. за запалена трева во село Породин, ТППЕ Битола интервенираше со 2 возила и 5 пожарникари.

Примена дојава во 18:00 ч. за запалено стрниште на Новачки пат,  ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари.

Примена дојава во 18:05 ч. за запалено ѓубре на ул. “Даме Груев“, ТППЕ Битола интервенираше со 1 возило и 2 пожарникари.

Примена дојава во 18:45ч. за запалена трева во с. Долно Српци ТППЕ Битола интервенираше со 3 возила и 7 пожарникари.