Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 33 степени

Денес, понеделник, 28 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 33 степени.

Утре, вторник, 29 јули, во Битола времето ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 31 степени.