Press "Enter" to skip to content

23 сообраќајни несреќи со потешки последици на моторциклисти во мај и јуни, СВР Битола со апел

Од вкупно 74 сообраќајни несреќи со потешки последици на подрачје на СВР Битола во месец мај и јуни 2025 година, во 23 учествуваат мотоциклисти. СВР Битола апелира до мотоциклистите и до лицата кои управуваат електрични тротинети, но и до останатите учесници во сообраќајот, максимално да ги почитуваат законските прописи, особено обврската за задолжително користење заштитен шлем (кацига), како за возачот така и за сопатникот. Непочитување на оваа одредба предвидува санкција од 50 евра во денарска противвредност.

Секој кој се превезува на мотор треба да знае дека користењето заштитна кацига го намалува ризикот од здобивање со смртоносни повреди, односно овозможува мотоциклистот безбедно да управува со возилото.

СВР Битола ги потсетува родителите и  мотоциклистите дека малолетник до 16 години не смее да управува мотоцикл. Со наполенти 16- 18 години со соодветна потврда од Испитен центар, истиот може да управува мотоцикл до 50 кубици, а по наполнување на 18 години со стекнување на Б категорија возачка дозвола истиот може да управува и полага за мотоцикл со поголема кубикажа.

Затоа уште еднаш апелираме:

-Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,
– Носете заштитен шлем (кацига)
– Внимавајте на брзината
– Одржувајте растојание
– Носете рефлектирачки елек и заштитна опрема

More from ВестиMore posts in Вести »