Во Министерството за животна средина и просторно планирање, денес се потпишаа договорите за техничка и финансиска поддршка во рамките на проектот: „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија”, кој се реализира во соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за економски прашања (SECO).
Седум општини, меѓу кои и општина Битола, ќе бидат корисници на фондовите наменети за овој проект.
За општина Битола, договорот го потпишаа градоначалникот Тони Коњановски и директорот на ЈКП „Водовод“ Андреј Гинов.
Главната цел на проектот е да ја зголеми отпорноста и ефикасноста на комуналните претпријатија за водоснабдување и отпадни води во услови на климатски промени, енергетски кризи и емиграција. За да се постигне ова, проектот има за цел да ги подобри оперативните и финансиските перформанси на јавните комунални претпријатија и истовремено да ги зајакне сопствените капацитети за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Клучните фактори на поддршка за успех вклучуваат постепена надградба на комуналната инфраструктура, како и подобрување на регулаторната и институционалната рамка.

КЈП “Водовод“ Битола ќе ја подобрува енергетската ефикасност и работните перформанси
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЗНАМ на терен во Битола: Силна држава, сигурни граѓани, европска иднина
- ПОДЕМ одбележа 18 години постоење – посветеност на развојот, одговорноста и европската перспектива (фотогалерија)
- СВР Битола: полово вознемирување, закани и повреда, нарушување на ред и мир, украдени 400 литри дизел, приведени 4 лица за возење мопед без возачка
- Деновиве пред 10 години: протести пред Апелација Битола против СЈО и куќниот притвор на Талески (фото)
- Бимилк станува партнер на НУ Народен театар – Битола за поддршка на културата и уметноста





