Во Охрид се одржа 5. меѓународен пливачки митинг “Охрид Опен 2025“ на отворениот пливачки базен „Атина Бојаџи“ во Охрид на кој учество зедоа над 220 пливачи од 25 клубови од земајва и странство.
Пливачите се натпреваруваат во 9 пливачки дисциплини и 5 возрасни категории, за вкупно 246 медали и 12 пехари за најдобрите пливачи.
Пливачкиот клу Југ од Битола настапи по водство на тренерот Михајло Трампевски, со 5 кои се бореа за пласман во 7 дисциплини.
Најуспешен битолчанец беше Максимилијан Лазевски кој освои прво место во категорија делфин на 100 метри и второ место во категорија делфин на 50 метри.









