Во пресрет на новата академска 2025/26 година, Приватна високообразовна установа Самостојна висока стручна школа БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – БАС, Битола продолжува да расте и да се развива, носејќи свежи идеи, современи студиски програми и нови можности за студентите. Како институција која веќе 18 години подготвува успешни професионалци. BAS и оваа година е подготвена да им понуди на идните генерации образование во чекор со глобалните трендови и потребите на пазарот на труд. Разговаравме со Директорката на БАС, проф. д-р Гордана Тасевска, која во ова интервју споделува детали за новитетите, визијата и пораката до идната генерација студенти.
Како Директор, што Ве прави најгорда на постигнувањата на БАС во изминатата година?
-Како Директор, особено сум горда на тоа што БАС и во изминатата година успеа да ја задржи својата препознатливост во висококвалитетно образование и практична настава која директно ги подготвува студентите за пазарот на труд. Постигнавме значајни резултати – од успешни проекти и учества на меѓународни конференции, до зајакнување на соработката со многу успешни компании . Особено задоволство ми претставува фактот што го исполнивме планираниот број на запишани студенти по сите студиски програми, но и забележавме значаен број на дипломирани студенти кои успешно ја заокружија својата образовна приказна. Нашите студенти не само што се стекнуваат со диплома, туку и со реални вештини и контакти кои им овозможуваат веднаш да се вклучат во професионалниот свет и да се најдат на високи позиции во многу државни институции и на тронот на сопственот бизнис. Тоа е најголемата потврда дека нашата мисија е успешна. Дополнително, реализиравме еден од нашите стратегиски приоритети – купување на сопствен простор за БАС во Скопје, со што обезбедивме уште подобри услови за работа, настава и студентски активности.
Кои тековни програми и нови студиски програми ќе ги понуди БАС во академската 2025/26 година?
-Уписите за академската 2025/26 година се во полн ек. На прв циклус, меѓу новите програми е Менаџмент на квалитет, која веќе се пополнува со динамика која е во согласност со трендот на интерес во овој период.На постоечката студиските програми на овој циклус по Бизнис менаџмент има уште неколку слободни места, а програмата по Маркетинг менаџмент е половина пополнета На постдипломскиот циклус, новитет е програмата Стратегиски менаџмент за одржлив развој, неколкуте слободни места ги очекуваат идните студенти кои сакаат да се специјализираат во оваа современа и перспективна област. Програмата Стратегиски менаџмент на човечки ресурси на вториот циклус е целосно пополнета.
Зошто е важно младите да ја изберат токму БАС за своето високо образование?
-Во годините што доаѓаат, пазарот на труд бара професионалци кои се лесно се садаптираат на промените, иновативни се и ориентирани кон одржлив развој. Затоа, нашите програми се креирани да одговорат токму на тие барања.
На прв циклус, новата програма Менаџмент на квалите се фокусира на стандардизација и континуирано подобрување, што е клучно за конкурентност ,Бизнис менаџмент ја учи генерацијата на идни менаџери како да развиваат успешни организации, додека Маркетинг менаџмент ги подготвува студентите за динамичниот свет на дигиталниот маркетинг и однесувањето кон потрошувачите.
На постдипломскиот циклус, програмата Стратегиски менаџмент на човечки ресурси ја третира важноста на ЧР, изборот и задржувањето на талентите и организациската култура како конкурентска предност, додека новата програма Стратегиски менаџмент за одржлив развој е во целосна согласност со глобалните напори за балансиран економски и еколошки развој на компаниите, пратен преку дигиталната трансформација.
Овие области се меѓу најбрзорастечките и најбараните професионални полиња во светот во 2025 година, а БАС ги нуди во современ и практичен формат кој ги подготвува студентите за успешна кариера. БАС работи со мали групи на студенти, каде секој студент е своја приказна и на секому му се посветува внимание, пред се како човек, а потоа како студент. Стекнатите познанства преку “страниците“ на БАС остануваат за век помеѓу нас.
Која е вашата порака до идната генерација студенти?
-„Иднината припаѓа на оние кои веруваат во убавината на своите соништа.“
рекол Елеонор Рузвелт. Јас би додала: Одберете ја својата иднина со свесност и храброст. Запишете се на БАС, бидејќи иднината ја градиме заедно!






