Press "Enter" to skip to content

Дете од Австралија прегазено на улица во Битола

На 15.08.2025 во 19:19 часот во СВР Битола e пријавенo дека на ул.„Тодор Паница“ во Битола патничко возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 50 годишен возач од Битола, удрило во 10-годишен пешак од Австралија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, информираа од полицијата во дневниот билтен.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.