Press "Enter" to skip to content

Започната нова православна традиција во населбата “Ушици“ во Битола, одбележано Преображение Христово (фотогалерија)

-Во населба “Ушици“ во Битола свечен чин на осветување на водата во параклисот за верскиот празник Преображение, со што се воспостави нова православна традиција на жителите на оваа стара битолска населба.

Денес во прекрасно уреденото паркче на населба “Ушици“ во Битола по повод верскиот празник Преображение се освети вода во малото црквиче, параклис, на свечен начин, и со тоа започна нова традиција.Голем број жители кои сплотени го уредуваа просторот после поставувањето на параклисот денес свечено го чествуваа овој чин и голем ден.По повод осветувањето свечена посна трпеза приготвија кумите на првото прославување на овој голем верски празник, Славица Димовска, Олга Лозановска и Жанета Ристевска , кои беа и домаќини, а нивните семејства ја имаа и инцијативата за пиставување на праклисот и уредување на просторот околу него и целото паркче.Преображение и осветување на водата за прв пат со сите верски обичаи погача, вино, пченица и други посни колачи подготвени од вредните раце на домаќинките.  Сите други кои дојдоа исто така донесоа слатки, колачи, грозје… со и се приклучија и збогатија свечената посна трпеаза, на која се разбира имаше грозје кое е свето овошје и според обичаите на овој ден се благословува и на овој ден започнува да јаде грозјето, според народните преданија.-Со осветување на водата за празникот Преображение започнаа чествувањата за престојното осветување на малото црквиче кое го слави овој голем ден. После следуваат уште верски обреди за да се освети овој параклис според црквените закони. кажа Отец Никола Неделковски, свештеник кој служи во овој дел на епархијата. Тој прочита делови од светото писмо, ги благослови и освети водата, погачата, пченицата и грозјето кое на овој ден според се благословува и на трпеазата има посебно значење. Потоа кумовите им разделија од погачата, пченицата, грозјето на сите кои дојдоа. Исто така на крај се обрати кон присутните за новиот кум кој би сакал да се пријави за следната година.Се пријави Зорица Илиевска, која заедно со своето семејство идната година, секако со помош на комшиите ќе ја организира прославата на верскиот празник.-Преображение Господово е еден од големите Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гора и вода, најавувајќи ја идната есен. Според верувањата тогаш за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Еве и ние денес ги направивме сите обичаи врзани за овој празник, трпеазата ни е богата, но посна како што налагаат обичаите. Сите сме возбудени многу бидејќи овие неколку дена сите ние на различен начин придонесовме за на овој ден се изгледа вака свечено и прекрасно ни рече Славица Димовска една од кумите.-Некоку години се собираме сите ние од различни возрасти по повод верскиот празник Коледе и го слевиме со сите обичаи, сега сум среќен што се собравме сите и на празникот Преображение голем празник кој ќе не зближува сите понатаму. Со поставување и осветување на водата во параклисот ќе се дружиме и за други празници, секако тука е Коледе кое ние во населбата го однележуваме околу 70 години без ниту една година, изјави Митко Лозановски еден од кумовите кој долги години се грижи за паркчето во населбата “Ушици“.-Ова е свечен ден за сите нас, овој празник не сплоти сите кои помагавме да се уреди просторот наоколу одкако го поставивме овој мал параклис. Овие денови скоро сите голем дел од овие летни денови ги поминуваме во уредување на паркчето. Се разбира кој како може во зависност од слободно време, ни кажа Дејан Димовски кој со својот татко Илија, синовите Филип и Марко, беа дел од тимот, заедно во Бале, Благој, Сашо… кој работеа и се погрижија и за да се направи настрешницара која ќе го штити параклисот од временски неприлики во сите годишни времиња… а параклисот ќе го штити сите жители и домови во населбата “Ушици“ во Битола. Верските празници се оние кои ги сплотуиваат и зближуваат луѓето и народот. Тие не прават посилни и на тој начин со заедништво и слога се постигнува се. За крај само би додале стих прекрасната македонска поезија. Гане Тодоровски мудро напишал во песната „Нашинска“:-И покрај се и покрај се, колку сме, толку сме, токму сме!“