Првата вечер од манифестацијата“Широк Сокак во бело – Бела ноќ“ се одржа на платото пред Офицерскиот дом со специјално подготвена програма за најмладите, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ. Насловена како “Детски хепенинг во бело“.
Пред најмалдите и нивите родители настапија “Градинка Естреја Овадија Мара“, маскоти Мики, Мина, Спајдермен и Куче, “Expose Studio“ – Танцов Перформанс, “Бетмен и Спајдермен“ – мисија “Дружбата“, Детска Театарска Претстава – “Едусфера“, “Мими со Југото“, “Unlimited Coders Academy“, Цртаме за Битола – “Инклузивен Карактер“, “ДЈ Милојевич“, “Ѕвончинја“ – Детски Хор, “Поп Рокет“ – Тинeјџерски Хор, “Дона & Friends“, “Центар за Германски јазик Илиеви“.
Органзизаторите за Детскиот хепенинг како дел од програмата на „Широк Сокак во бело“ изјавија:
– “Детскиот хепенинг во бело“ помина во одлична атмосфера. Ова е втора година која се одржува и се надеваме дека ќе остане во традиција и понатаму. Настанот е за сите родители кои се забавуваа со своите најмили дечиња, за кои вчера беа подготвени голем број изненадувања, а тоа се детски креативни работилници и забава со детски ѕвездички. Вечерва се надеваме на преполн плоштад и преубава атмосфера на втората ноќ од манифестацијата “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“. Вечерва ќе можете да се забавувате со програмата на манифестацијата во која ќе се изведувачите: DJ Тања, Поп Рок Хор „Битвокс“, Емоушн бенд, Никола Зацески, Тамара Стојковска, Бојана Скeндеровски & Бенд, Александра Јанева & Бенд, Виктор Апостоловски.
Со вакви настани, ги поттикнуваме нашите деца да ја негуваат и развиваат љубовта кон градот, истовремено давајќи им можност да ги изразат своите таленти, да учат и да се забавуваат со своите родители и другарчиња.
Белата ноќ е традиција, симбол на градот и празник што го обединува Битола. Колку ја сакаме македонската музика, ќе провериме овој викенд на Широк Сокак во бело.
Текст и фото: Дамијана Ристевска






