Press "Enter" to skip to content

“Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)

-Прекрасна летна вечер и настан “Бела ноќ“ по 13 пат на Широк Сокак во Битола. Од плоштадот “Магнолија“ погледот кон Широк Сокак обоен во сјајот на бела, синоќа беше спектакуларен. Голем број Битолчани и гости од регионот облечени во дрес код бело со позитивна енергија се забавуваа до доцна во ноќта. Македонски артисти и ѕвезди настапија на манифестацијата „Бела ноќ“ – Широк Сокак во бело. Бојана Скендеровски, Александра Јанева, Виктор Апостоловски, Никола Зацески, Тамара Стојковска, Емоушн бенд и хорот “БИТВОКС“ придонесоа за забавата.  Тие со свои настапи на бината на плоштадот „Магнолија“ ги забавуваа присутните од почеток на вечерта на Бела ноќ па се до раните утрински часови, изведувајќи песни од македонската музичка сцена, свои и од други изведувачи. Добра забава, расположение, позитивни чувства се будат како асоцијација  за „Бела ноќ“ во Битола која традиционално се одржува веќе 13 години. Атмосферата  од Широк Сокак може само да ја опишат оние кои се забавуваа на Бела ноќ  до раните утрински часови.  Организаторите за овогодинешното  издание на „Широк Сокак во бело“ изјавија: „Бела ноќ“  под светлината на ѕвездите во оваа прекрасна летна ноќ, во сјајот на белата боја. Ноќ каде повторно Битола ја слави македонската музика, култура, уметност и традиција.  Плоштадот Магнолија повторно  беше локацијата и центар на забава  каде и оваа година ја продолжуваме традицијата на „Широк Сокак во бело“ во Битола со концепт на забава со добра македонска музика и македонски изведувачи, а дел од нив од Битола. 

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »