-“Silver moon jewelry and watches since 2010“ до денес 15 години традиција на уникатeн накит од сребро, злато, челик, со “сваровски“ кристали на Широк Сокак во Битола.
-Препознатливи по квалитетен накит, но и искрената љубезност на персоналот кој ви помага да го изберете најдоброто, со попуст.
-А сега за 15 години јубилеј 15 % попуст, 15 денови, започнувајќи од 1 септември.
Така љубезно и не пречекаа за разговорот, со свечена торта со 15 ка за јубилејот 15 години. Сопственичката Милица Љондевска со семејството и тимот на “SILVER MOON“, која ни рече:
-Сите заедно придонесуваме за позитивна енергија и традиција на уникатен накит која трае 15 години. Поточно од 3 август 2010 година кога започнавме во продавницата во хотел “Епинал“, потоа на друга локација, но еве веќе неколку години се наоѓаме во центарот на Широк Сокак.
Ја запрашавме од каде идејата за отворање и името“Silver moon“?
-Идејата поттикна од тоа што јас сум голем вљубеник на уникатен накит, која љубов прерасна во традиција која трае еве веќе 15 години. А за сите овие години мото ни е муштеријата да е задоволен. Како што и навестува името “Silver moon“ (Сребрена месечина), најпрво започнавме, но и најповеќе располагаме со уникатен сребрен накит и филигран.
-Но, ние во “Silver moon“ секогаш сакаме да сме во тренд, асортиманот го проширивме со Swarovski кристали и накит од медицински челик, очила за сонце, часовници. Потоа и со злато и сега иамаме голем избор на накит од злато и тоа: “Lecarre 18 k gold & diamond“ – злато и 14 k злато со Swarovski к elements. А за сите овие 15 години сакаме да сме во тренд со брендирани накит, часовници, очила, а најважно ни е муштеријата да излези од тука задоволен, не само да купи, додава Љондевска.
Кажете ни повеќе околу брендовите кои може да се најдат во “Silver moon“?
-Од брендовите ќе ги посочам: “Lecarre 18 k gold & diamond “Daniel Klein“ накит и часовници. Исто така часовници од познатите брендови “Polo“, “Santa Barbarа“, “Casio“, “Daniel Klein“, “Sergio Tacchini“, “Bigotti“, “Freelook“. Очилата за сонце од брендовите “Swarovski“, “Timberland“, “Polo“, “Freelook“, “Viktoria’s Secret“, “Polar Glare“, “Skechers“, “Ozzie“, “Avanglion“.
-Можам да се пофалам дека од минатата година имаме парфеми брендирани со името “Silver Moon“. Тоа се парфеми со маслени капки репликации на парфемите од познатите брендови. Ќе истакнам само дека тоа се многу добри репликации кои се препознатливи по квалитет, трајност и арома. Се гордеам што стои нашиот бренд “Silver Moon“ на нив. Ви ги препорачувам да изберете за себе, но и за подарок, а ги има женски и машки парфеми, вели за линијата на парфеми Љондевска.
Посетете не “Silver Moon“ на “Широк Сокак“ 45 и изберете од нашите брендови накит, часовници, очила или парфем, (може и од ФБ страна Silver Moon jewelry and watches), а ние за 15 години, Ви нудиме 15 % попуст, 15 дена од 1 септември.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска






