Press "Enter" to skip to content

Против пожарната единица во Битола вчера со шест интервенции

Против пожарната единица во Битола соопшти дека вчера имала шест интервенции, а интервенирала на запалена и електрична инсталација, ѓубре, стрниште, трева.

-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 00:05 часот за запалена елекѕрична инсталација на ул. “Даме Груев“, а интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари.

-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 00:30 часот за запалено ѓубре во поранешен хотел “Битола“, а интервенираше со 1 возило и 4 пожарникари.

-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 10:45 часот за запалено стрниште во село Лажец, а интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари.-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 15:00 часот за запалена трева во населба “Довлеџик“, а интервенираше со 1 возило и 5 пожарникари.

-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 15:40 часот за запалена трева во ергела-Новаци. Интервенирала со 4 противпожарни возила и 12 пожарникари пожарот бил ставен под контрола, и целосно локализиран. Во гаснењето на пожарот беше вклучена и екипа на пожарна РЕК “Битола“.

-ТППЕ Битола интервенирала по примена дојава во 23:45 часот за запалено стрниште во село Беранци, а интервенираше со 1 возило и 3 пожарникари.