Press "Enter" to skip to content

“Училишна приказна“ во градскиот парк во Битола за успешен старт на првачињата (фотогалерија)

-Првачињата од основните училишта во општина Битола денес ја започнаа својата голема “Училишна приказна“, а на сите успешан старт на школувањето им посака градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Во Градскиот парк, кој блескаше од детска насмевка и возбуда, Општина Битола во соработка со ЈП “Паркинзи“, Зоолошката градина, Културно-информативниот центар, Црвениот крст, СВР Битола, “БиМилк“ и “Пелистерка“, подготви посебен настан исполнет со подароци, креативни активности и многу радост.Паркот одекнуваше со детска песна и игра, настапи на ученици од битолските училишта и учесниците на фестивалот СИДО.Бесплатното возење со возот „Мечо“, дружбата со маскотите, Кловнот Заги и „Моја Кравица“ создадоа незаборавни моменти за секое дете, оставајќи трага на едно убаво и топло сеќавање за почетокот на училишниот пат.Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, упати искрена честитка до сите првачиња, истакнувајќи ја важноста на овој ден – ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење.Драги првооделенци, со голема радост ви го честитам почетокот на вашето училишно патување. Денеска ја отворате вратата кон светот на знаењето, пријателството и новите предизвици. Во училишните клупи ќе научите да читате и пишувате, да се дружите и да ја откривате убавината на науката и животот. Ве охрабрувам секогаш да бидете љубопитни, да прашувате и да сонувате големи соништа, бидејќи знаењето е клучот кој ги отвора сите врати. Вашите наставници и родители ќе бидат тука да ве поддржуваат, а вие бидете вредни, упорни и насмеани.-Ви посакувам многу успех, среќа и безгрижни училишни денови исполнети со другарство и радост. Нека секој ваш ден во училиштето биде нова авантура која ќе ја паметите со љубов. Воедно, сакам да им посакам успешен и среќен почеток на сите ученици од повисоките одделенија и класови. Продолжете со истата енергија, љубопитност и желба за учење – секоја нова учебна година е ново поглавје во вашата приказна, исполнета со предизвици и можности за раст и напредок, порача градоначалникот Коњановски.Со настанот „Училишна приказна“, Градскиот парк блесна со прекрасна енергија на радост и нови почетоци – токму онака како што им доликува на најмладите ученици од Битола. Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола ги запознаа првачињата од основните училишта во општина Битола со основните сообраќајни правила и прописи како и препораки за безбедно пристигнување од дома до улилиште и обратно. Во рамки на активноста на дечињата им беа поделени рекламни материјали со едукативна содржина.

Фото: Дамијана Ристевска