Press "Enter" to skip to content

Работен состанок на полицијата, ФФМ, Општина Битола и други за престојниот натпревар Македонија – Италија

Денес полициски службеници од СВР Битола одржаа работен состанок со претставници на ФФМ, Општина Битола, менаџер на градски стадион “Петар Милошевски“ како и претставници од Агенција за обезбедување на лица и имот и ТППЕ Битола.

Состранокот беше во врска со одигрување на претстојниот фудбалски натпревар, помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и  Италија во рамки на У-21, кој ќе се одигра на ден 09 септември 2025 година со почеток од 18,15 часот на градскиот стадион “Петар Милошевски“ во Битола.

Во разговорот беше ставен акцент на целосно применување на одредбите од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, во кој се предвидуваат обврските на организаторот на натпревар, како и превенирање и спречување на секакви нарушувања на ЈРМ пред, за време, и по завршувањето на натпреварот.