Пелистер – Арсими 0:4 (0:0)
Но натпреавр кој се одигра во вечерен термин вечерва во Битола фудбалерите на Пелистер забележаа катастрофален порас од екипата на Арсимо, во рамките на 5. коло од Првата фудбалска лига на Македонија, со резултат 0:4, иако првото полувреме помина без голови.
Битолчани одиграа одличен прв дел во кој двапати ја тресеа рамката од голот на гостите, казните за промашувањата ги стигна во продолжението.
Отворањето на натпреварот беше мирен, а први биеја гол домаќините преку Ристовски. Најзрелата можност во првиот дел ја имаше Булатовиќ кој се обиде да изненади со шут во поблискиот агол, но ја погоди стативата. Но, тоа не беше се од “пелистерци“, а по вторпат се тресеше рамката на голот на Арсими, овојпат по ударот на Белиќ кој заврши во пречката.
Домашните фудбалери имаа посед на топка во своја корист, а гостинот беше без шут кон голот. Поради тоа имаат за што да жалат откако не ги искористија своите најдобри можности.
Во второто полувреме, бидејќи Арсим почна да “притиска“ и да се бори за гол, а тоа се случи по полушанси. Првиот гол за Арсими “падна“ во 66. минута, кога Армин Бесагиќ реализира за 0:1, по нафрлувањето на топката налета Бесагиќ кој со глава постигна гол за водство. Мрежата на Пелистер се тресеше уште двапати и тоа набрзина.
Прво дефанзивците на Пелистер го заборавија Таипи кој влета и го издрибла Јовчевски пред да погоди за 0:2 во 81. минута. Иако првично беше покажана недозволена позиција, по неколкуминутна ВАР проверка голот беше признат.
По овој гол за мошне брзо,во следната акција Арсими стави точка на победата, Шефит Шефити добро втрча и откосо и одблизу го матира домашниот голман. Длабоко во судиското продолжение четврти пат домашната мрежа ја тресеше и Леонид Игнатов.
Пелистер по 5, одиграни кола е на шестата позиција со шест бода. Лидери се Силекс и Струга со по 15 бода, а последен е Шкупи без бодови.
Оваа седмица се игра вонредно коло, а Пелистер гостува кај Работнички во Скопје.
С. Ристевски










