Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: цапарчанец продавал дрога во Прилеп, физички напад од невенчан сопруг, допирал девојка го уапсиле, повреден 16 годишник на моторцикл

На 14.09.2025 во 20:20 часот на ул. „Јоска Јорданоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишија од слобода 25 годишник од село Цапари, битолско и  26 годишник од село Златари, ресенско, затоа што при преглед кај  нив, кај е пронајдена марихуана. По документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок.

На 14.09.2025 во 16:30 часот во СВР Битола, 27-годишна битолчанка пријави дека  била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг.  Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На  14.09.2025 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 34 годишник од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал и се обидел да допира по телото 19-годишна девојка од Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.09.2025 во 19:52 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Довлеџик“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 27 годишник од Битола и мотоцикл управуван од 16-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.