На 17.09.2025 во 21:30 часот на ул. „Виенска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 34 годишник од Битола затоа што кај него е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.09.2025 во 01:30 часот на ул. „Димитар Илиевски Мурато” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 22 годишник од Битола затоа што кај него е пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.09.2025 во 20:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола – с.Маково, мотоцикл управуван од 14-годишна малолетничка од с.Новаци, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 17.09.2025 во 12:30 часот во СВР Битола е пријавено дека во рудник Брод-Гнеотино при РЕК Битола, вработениот 48 годишник од с.Кравари, битолско се здобил со повреди при извршување на работни задачи. Тој е пренесен во Клиничка болница Битола каде му се констатирани повредите и му е укажана помош. Увид изврши увидна екипа на СВР Битола.
На 17.09.2025 во 18:30 часот на ул. „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода 19 годишник од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од приведениот, при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е ограничена на 50 километри на час. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава по чл.297-а – ,,безобѕирно управување на моторно возило”.






