Како и беше најавено, голем број битолчани се одзваа на повикот на одбојкарскиот клуб Пелистер од Битола, натпреварот од 4. коло од Првата одбојкарска лига на Македонија, Пелистер Волеј – УГД да биде хуманитарен, во чест и слава на прерано починатиот кошаркар и капитен на Пелистер, Зоран Петковски.
На натпреварот присуствуваа околу 1.500 битолчани, а Управата на клубот беше во право кога го премести натпреварот од салата во Медицинско, која има капацитет од 400 столчиња.
На натпреваварот присуствуваше градоначалникот на Битола – Тони Коњановски и најблиските соработници, советници од поренешниот и од новиот состав на Советот на Општина Битола, блиски роднини и пријатели, а на трибините беа кошаркари, ракометари, тренери, неговите колеги професорите по физичко воспитување….
Натпреварот заполна со тажна и жална минута моќ, со која битолчани искажаа почит кон Зоран Петковски и неговиот придонес во спортот во Битола, прво како спорист, како професор по физичко воспитување, а и како политичар – советник и претседател на Комисија за спорт во Советот на Општина Битола.
Средствата собрани од влезниците и донациите се наменети за поддршка на семејството на Петковски.
Фото: Дамијана Ристевска






