На 31.10.2025 во 08:40 часот во СВР Битола е пријавено дека во дворно место во с.Крклино, битолско, била пронајдена експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за рачна бомба која потекнувала од Првата светска војна.
На 30.10.2025 во 15:30 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив со повреда најверојатно од воздушна пушка е примена Д.М.(54) од с.Долно Српци, битолско. Увидна екипа на СВР Битола изврши увид и констатирнао е дека, додека повредената била на нива помеѓу село Долно Српци и село Вашарејца, слушнала звук по што почувствувала дека е повредена на главата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 31.10.2025 во 16:30 часот во СВР Битола, И.С.(18) пријавил дека на ул.„ Илчо Стојановски” во Битола бил физички нападнат од лице кој употребил и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






